Home / Uncategorized / Одбележана годишнината од загинувањето на битолските бранители во Вејце и Гајре

Одбележана годишнината од загинувањето на битолските бранители во Вејце и Гајре

Со полагање букети свежи цвеќиња, пред спомениците на бранителите во дворот на СВР- Битола, пре споменикот “Ангел“ кај градскиот часовник и пред споменикот на бранителот Бошко Најдовски во село Долно Оризари, денеска, во Битола беше одбележана 14. годишнината од загинувањето на осумтемина бранители од Битола кои во 2001 година загинаа за време на конфликтот во селата Вејце и Гајре.

 

Букети свежи цвеќиња пред спомениците на бранителите

Букети свежи цвеќиња пред спомениците на бранителите

Покрај семејствата на загинатите бранители, на комеморацијата букети свежи цвеќиња положија делегации на бранителите од конфликтот во 2001 година, полицајци од СВР- Битола, делација на Армијата на Македонија, градоначалникот на Битола Владимир Талески и делегации на политичките партии и претставници од Советот на Општина Битола.

 

11081256_772811076160246_2135696146655117959_n

Притоа беше нагласено дека имињата на загинатите бранители во Гајре и Вејце треба да претставуваат најсериозна опомена за во иднина таквите конфликти никогаш да не се повторат.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*