По објавувањето на текстот за скандалозниот и монструозен план на суетниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски за згаснување на Битолски весник, редакцијата на Весникот доби огромна поддршка.
На нашите редакциски телефони, како и на меил адресата голем број наши читатели ни дадоа поддршка да издржиме во оваа битка и никако да не дозволиме Битолски весник да пропадне.
Притоа нашите читатели и поддржувачи, ни изјавија дека се згрозени од потезите на Талевски и осудувајќи ги истите ни понудија сесредна помош во битката со него.
Речиси сите читатли не можат да сфатат како може градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, кој ги троши парите на граѓаните на Битола, едноставно да прекине да го помага Весникот.
На читателите и нашите поддржувачи не им е јасно ни тоа како може Талевски да не потпише договор за соработка на Општината само со Битолски весник, кој има најдолга традиција од сите медиуми во градот.
-Талевски ги троши парите на граѓаните и тој е должен за тоа како ги троши тие пари, да не информира преку Битолски весник, кој е весник на граѓаните. Никој, па ни тој нема право да го остави Весникот без никакви донации од општината.Се прашуваме под кои критериуми Талевски склучил договори со останатите медиуми, печатени и електронски и кои беа причините што само со Битолски весник општината нема договор.
Тој е должен да им одговори на граѓаните на Битола зошто општината нема договор со Весникот кој цели 54 години ја испишува историјата на градот, стои во реакцииите на нашите читатели, кои давајки ни целосна поддршка не замолија во никој случај да не дозволиме по Радио Битола да згасне и Битолски весник.
Поопширно во печатеното издание на Битолски весник