Home / Колумни / Општествена (не)одговорност

Општествена (не)одговорност

Во времето на т.н. самоуправен социјализам многумина тоа го нарекуваа општествена грижа.

Иако кога станува збор за мене  јас имам најмалку причини да тагувам по социјализмот, кој  во сите години на новинарската професија воопшто не ме галеше, сепак не можам, а да не ја нагласам општествената грижа на тогашните  битолски локални  политичари кон тоа што значеше бренд на градот.

Како и луѓето така и политичарите знаеја да се грижат не само за тоа што беше сопственост на државата, туку и тоа што го (ре)презентираше градот.

Со оглед на искуството и годините кои ги имам се сеќавам добро како поранешните моќници во Битола водеа сметка за решавањето на проблемите на фирмите, општествените работници, или граѓаните.

Но по транзицијата, со смената на сопственичката структура се смени и односот  не само на политичарите туку и луѓето  кон државниот имот и општествената сопственост.

Наместо грижа за стопанството кон општествената надградба во праксата се инсталираше филозофијата “ општествена (не)одговорност”.

И во зависнот од добрата волја на тие кои располагаа со државните  пари, така истите се распределуваа. Но и покрај сите аномалии и слабости кои постоеја во тоа време  сепак се водеше сметка за тоа што значи битолски бренд.

Во тоа време невреме можеше некој да нема афинититет кон одредени дејности,области,или личности, но секогаш  се имаше разбирање за сите субјекти кои на одреден начин ја (ре)презентираа Битола.

Разбирањето и помагањето на надградбата се спроведуваше дури и тогаш кога некои политичари, во тоа време на едноумие беа шибани од страна на одредени критичари, новинари и медиуми, кои иако беа третирани како општстевно политички работници имаа слобода  и на критика.

Но како одминуваше времето, откако државните фирми станаа приватни  и откако се смени сопственичката структура, се смени и односот кон  надградбата.

Колку што повеќе се зголемуваше бројот на тие кои бараа државна помош, се помалку пари се одвојуваа за тие на кои им беше потребна таа помош.

Преку ноќ издвојувањтео на средства за финансирање на надградбата се смени во филозофија на т.н. општествена одговорост.

Преведено на обичен јазик тоа значеше дека доколку фирмите требаше да помогнат со средства на некои институции, поединци, или групи, тие таа помош ја нарекуваа општествена одговорност.

И нема ништо лошо во тоа што системот на  помош, или финансирањето на надградбата ја преименуваа во општествена одговорост.

Напротив таквтото преимунување требаше според мене да ги натера луѓето на раководни функции да имаат навистина општествена одговорост кон сето тоа што требаше да опстани, а не можеше само да се издржува на комерцијална основа.

И се додека на раководни места се избираа општествено одговорни луѓе, кои имаа не само одговорност туку и сенс да управауваат со државните пари, работите се движеа во позитивна насока.

Но оној момент кога на позиции дојдоа некои  неодгворни луѓе  тие ја  изгубија таа општествена одговорност и почнаа парите наменет за  надградбата да ги пренасочуваат само кон задоволување на личите или партиските интереси и проекти.

Последните години општествената одговорност толку многу се приватизира што таа стана синоним на општествена неодговорност.

За разлика од порано, кога и да си  најголем  државен непријател локалните политичари  тешко се одлучуваа да  ги скратат парите  на надградбата, денешните општествено неодговорни моќници, кои располагаат со народни пари, ако те земат на заб, има не само да ти ги скратат  парите, туку дури и да те сотрат како човек.

Така во последно време тие, кои што за Битолски весник тврдеа дека е бренд на градот и кои со полна уста зборуваа за значењето на Весникот во испишувањето на историјата на Битола, одлучија ни еден денар да не издвојаат за Весникот кој 54 години ја испишува историјата на Битола.

Ако донекаде можеме да го разбереме општествено неодговорниот однос на градоначалникот на Битола  Владимир Талески, кон Битолски весник, кој од саму нему познати причини ни ги заврте сите славини и не ги скрати сите средства, не можеме никако да го разбереме потегот на директорот на ЈП “Комуналец”, Зоран Соклевски кој  го прекина договорот со Битолски весник.

Ако за Талевски бевме наводно виновни што се скаравме со него за Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани “ со ЈП “Комуналец”, па ни со Соклевски немавме никакви недоразбирања.

Но како и Талевски, изгледа и Соклевски заклучи дека ќе биде  општествено неодговорно  да се помага, или соработува со Битолски весник.

Но тоа е така се додека неодговорни луѓе доаѓаат на одговорни функции и кои во  помагањето на надградбата се кријаат зад параванот на наводната општествена одговорност, притоа служејки се со класична приватизација на својата одговорна функција.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*