Don't Miss
Home / Градска хроника / Општина Новаци со методологија ќе ги распределува парите од буџетот

Општина Новаци со методологија ќе ги распределува парите од буџетот

Со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста на Единиците на локалната самоуправа при доделување на средства на здруженија и фондациите од општинските буџети , во општина Новаци беше реализиран проект со кој беа организирани по три работилници со цел да се изготви методологија за распределба на државните пари.

-Методологијата ги содржи резултатите од спроведените три работилници за развивање на методологии за распределба на средствата од буџетската ставка – трансфер до НВО од општинските буџети за поддршка на 8 општини во Р.Македонија . На воие работилници присуствуваа претставници на НВО секторот во општината, спортски здруженија, културно ументицички , претставници од општинската администрација и сл. – рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци

Новата методологија е усвоена од Советите на општините Новаци и  Битола, а стапува на сила од јануари 2017.

-Нашата општина беше вклучена во овој проект заради остварување поголема транспарентност во работењето. Методологијата е прифатена од градоначаликот, од НВО а ќе биде изгласана и од Советот- рече Оливера Димитровска, раководдител на одделение за финансии при Општина Новаци.

Публикацијата служи и како еден вид на алатка за застапување на вклучените општини, но и како пример на останатите општини за креирање и подобрување на механизмите за распределба на средства од општинските буџети до здруженијата.

Оваа методологија е дел од проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓански здруженија„ кој го имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со МКЦ-Битола, Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар и Центарот за развој на заедницата Кичево во 8 општини во Македонија.

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*