Директорот на Управата за државна безбедност на МВР Сашo Мијалков и Миле Јанакиески, министерот за транспорт вечерва исто така поднеле оставки.
Информацијата за ова се уште не е потврдена. Владини извори потврдија дека министерката Гордана Јанкулоска поднела оставка.
Имињата и гласовите на Мијалков и на Јанакиески беа едни од најчесто споменуваните во „бомбите“ што веќе два месеци ги објавува Зоран Заев, претседателот на СДСМ.
Извор: мкд