Home / Uncategorized / Панчевски тајно ги снимал инспекторите на СЈО

Панчевски тајно ги снимал инспекторите на СЈО

Со надзорна камера од својот дом судијата Владимир Панчевски го снимил дел од претресот на истражителите и обвинителите на СЈО, по што снимката беше објавена и на ТВ Алфа за наводна кражба на клуч што е неприфатлива постапка за било кој припадник на правосудните органи.

Судијата Панчевски тврди дека ова видео е доказ за начинот на кој работи СЈО и како што вели, притисоците што се вршат врз него, но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги. Тој смета дека снимката служи како доказ за криминалот и подметнувањата на СЈО.

– Не говорам за вербални закани и физичко насилство, туку за најподмолна конструкција и криминал од времето на УДБА“, вели Панчевски.

Специјалното јавно обвинителство ги заплени податоците во компјутерот на екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Претресен е и неговиот дом, како и на двајца информатичари од судот. СЈО обезбедило податоци и од АКМИС системот преку кој по електронски пат се распределуваат предмети кај судиите.

Сомнежите на СЈО се дека во Кривичниот суд се местат предмети, а судијата  Панчевски е под сомнение и дека оддал државна тајна. Обвинителката Катица Јанева изјави дека се работи за предистражна постапка и има индиции дека преку АКМИС системот судските предмети на СЈО се распределувале на незаконски начин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*