Don't Miss
Home / Uncategorized / Парламентот (ќе)работи во три смени

Парламентот (ќе)работи во три смени

Собранието заседаваше до 3.30 часот утринава, откако претседателот на законодавниот дом Талат Џафери синоќа прогласи постојано заседание.

Џафери одлучи Парламентот да заседава постојано, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  кои се организирани во 10 пратенички групи, се обидоа со паузи и бесконечни реплики да ја блокираат работата.

На секој час работа, Џафери закажуваше ново продолжение по паузата.

По координацијата на пратеничките групи претседателот Џафери соопшти дека маратонската ноќна седница завршува и продолжува денеска во 13 часот.

Тој во текот на вчерашниот ден постави лист на кој на англиски пишува „Тишина молам!“, а потоа на пратениците им напиша уште две пораки „Забрането спиење на пратеници“ и „Не е препорачливо да го разбудиш заспаниот лав“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*