Македонија влегува во вонредна состојба, откако одлуката за такво нешто попладнево беше потпишана од претседателот Стево Пендаровски.
Како што истакна тој, тоа го направил за доброто на граѓаните, да се надмине проблемот со овој опасен вирус.
„Пред истекот на овие 30 дена, очекувам детален извештај од владата за дотогаш преземените мерки и за евентуално продолжување на состојбата за нови 30 дена. Сите институции дневно да информираат за сите активности. Лидерите на најголемите политички партии даваат поддршка за прогласување на вонредна состојба, а владата ќе продолжи да функционира како техничка“, рече Пендаровски.