Денеска во Универзитетската библиотека “ Св. Климент Охридски“ во Битола на свечен начин му беше врачена дипломата за почесен член на МАНУ, на познатиот битолски писател, романисер и новелист, Владимир Костов.
Признанието на Костов му го врачи претседателот на МАНУ академикот Таки Фити, а за творештвото на Костов на свеченоста зборуваше академикот Ѓорги Старделов, како и претседателот на Друштвото за наука и уметност Битола д-р. Марјан Танушевски.
Инаку д-р. Владимир Костов, кој минатата година стана член на Македонската академија на науките и уметностите е единствен академик кој живее и твори надвор од Скопје.
Владимир Костов, романсиер, раскажувач, новелист и автор на драмски текстови е роден 1932 год. во Битола.
Објавил вкупно 17 романи, 11 збирки новели и новелети, 10 книги за деца и млади и збирка на драми “Декалог”.
Застапен е во антологии на македонскиот расказ кај нас и во странство, во Антологијата на македонскиот роман, во едицијата “Најчитани македонски романи” и во едицијата “Македонска книжевност во 130 тома”.
Со романот “Нов ум” ,”Свадбата на Мара” и со „Црквичето четириесет маченици” бил застапен во училишната лектира. “Свадбата на Мара” е преведен на англиски, и се преведува и на украински.
Добитник е на бројни книженвни и други општествени признанија.
Б.В.