Со длабоко жалење изразуваме најискрено сочувство до семејствата на загинатите во страшната трагедија што нè погоди сите.
Зборовите се немоќни да ја опишат болката и да ја ублажат загубата на најблиските.
Во овие тешки моменти, нашите мисли се со вас, со Кочани, со цела Македонија.
На повредените им посакуваме брзо и успешно закрепнување.
Како субјект од стратешко значење за државата, АД ЕСМ целосно се става на располагање за пружање на секаква потребна помош.
Во координација со локалните власти и надлежните државни институции, Компанијата е подготвена да ги мобилизира сите расположливи ресурси и неопходна логистика за справување со последиците од трагедијата.