По “ТРанспортера 1“ СЈО денеска го отвори и “ Транспортер2“ во кое се осомничени десет лица, меѓу кои поранешниот градоначалник Владимир Талески, секретарот на Општината, Слободан Бончановски, пет превозници и тројца поранешни директори на училишта.
-Од прибраниот доказен материјал за учебната 2009/2010 година, произлезе основано сомнение дека поранешниот градоначалник и поранешниот секретар на Општина Битола, заедно со осмничените директори на основните училишта, како соизвршители, за еден превозник прибавиле имотна корист од 230 илјади денари. За учебната 2010/2011 година произлезе основано соменнеие дека истите осомничени со овластените лица на превозниците, како нивни помагачи, прибавиле имотна корист за 5 превозници во вкупен износ од 1, 6 милиони денари, рече обвинителкта од СЈО, Фатиме Фетаи, која обелодени 7 нови истраги, меѓу кои е и „Транспортер 2“ Од СЈО велат дека има основано сомнение дека начинот на извршување на кривичното дело е идентичен како и во обвинетлениот акт „Транспортер“