Денеска рано изутрина, на 49 годишна возраст почина Боро Чурлевски еден од најдобрите ракометари на Пелистер.
Чурлевски својата богата ракометна кариера ја почна во ракометниот клуб Пелистер Битола.
Подоцна настапуваше за екипите на Борец Велес, Врбас, Црвенка, Килкис -Грција, Ловќен- Цетиње, Тутунски комбинат од Прилеп.
Чурлевски покрај играчка имаше и богата ракометна тренерска кариера. Тој беше тренер на Пелистер, Килкис -Грција, Кастриоти од Урошевац, Беса од Пеќ, женската екипа на Патра од Грција и Либија.
Во оваа сезона Боро Чурлевски беше шеф на стручниот штаб на РК Прилеп.
Погребот на Чурлевски ке биде утре на Светонеделските гробишта.
Б.В.