Денеска рано изутрина, околу 9 часот, во Битола почина Димитар Димитровски – Такец, доајен на битолското и македонското новинарство.
Тој беше еден од првата генерација битолски новинари којшто во 1964 година учествуваше во подготовката на првиот број на Битолски весник.
Димитровски почина во 93-та година од животот.
Освен со новинарство, Такец се занимаваше и со пишување поезија, сликарство, а беше познат и по компонирањето на голем број песни.
Погребот на Димитар Димитровски-Такец ќе се одржи утре на Буковските гробишта во Битола.
Димитар Димитровски- Такец беше добитник на највиското признание на “Битолски весник“ за животно дело.
Б.В.