Денеска, на трансакциските сметки на голем број земјоделци од Новаци коишто беа поплавени при големите поплави, “легнаа“ парите за обештетување што Владата ги издвои за земјоделците.
Земјоделците од Новаци ќе бидат обештетени во висина од 100 проценти од претрпените штети.
Ова, го соопшти премиерот Никола Груевски денеска во Новаци, за време на свеченото пуштање во употреба на комбинираните спортски терени.
Притоа, премиерот Груевски уште еднаш апелираше до земјоделците во иднина да ги осигуруваат нивните земјоделски посеви.
-Со оглед на тоа што ова беа најголемите поплави што се случија во последните 35 години, ние одлучивме да ги обештетиме земјоделците до сто проценти. Но, во иднина, тоа не ќе можеме да го правиме. Во оваа прилика сакам да укажам дека е многу важно земјоделците да стекнат навики за осигурување на земјоделските површини, за што Владата издвојува дури 60 % од износот на осигурителните полиси- истакна премиерот Груевски.
Б.В.