Денеска во 12 часот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Битола, поетскиот караван на ДПМ ќе настапи со 27 автори.
Во големиот амфитеатар на Универзитетот ќе читаат поетите Стојан Тарапуза, Гордана Михаилова Бошнакоска, Раде Силјан, Веле Смилевски, Панде Манојлов, Ресул Шабани, Мирјана Стојановска, Јордан Ѓорчев, Кочо Топузоски, Христо Петрески, Трајче Кацаров, Весна Мундишевска, Борче Панов, Василе Димески, Никола Јовановски, Зоран Пејковски, Игор Крајчев, Милица Радевска, Елена Пренџова, Елизабета Јончиќ, Оливера Доцевска, Миле Јовановски Поречанец, Љерка Тот Наумова, Петре Димовски, Радован П. Цветковски, Билјана Т. Димко, Паскал Гилевски и Кире Неделковски.
На отворањето на манифестацијата ќе зборуваат д-р Јордан Ѓорчев, од името на Славјанскиот универзитет, и Веле Смилевски, претседател на ДПМ.
Б.В.