Осми септември, Денот на независноста во Битола беше одбележан со полагање на букети свежи цвеќина пред споменикот на Револуцијата пред Центарот за култура.
На ова спомен- обележје букети цвеќиња положија делегации на Сојузот на борците, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, делегација на Советот на општината, делегациите на партиите на ВМРО- ДПМНЕ, СДСМ и ПОДЕМ.
За значењето на Осми септември изјави за медиумите дадоа градоначалникот на Битола Владимир Талески, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Зоран Илиоски, и лидерот на СДСМ и пратеник Васко Ковачевски, кои го истакнаа огромното значење на овој ден, кога пред 23 години Македонија се стекна со својата независност.
Б.В.
Фото: С.Р.