Don't Miss
Home / Градска хроника / Последни активности пред асфалтирање на патот Брод-Гнеотино

Последни активности пред асфалтирање на патот Брод-Гнеотино

Забрзано се работи на подготвување на теренот за асфалтирање на локалниот патен правец Брод-Гнеотино во должина од 3 километри.

-Се прават последните подготовки пред да се асфалтира 3 километарскиот пат Гнеотино-Брод во должина од 3 км.Градежната механизација го рамни,тамнпонира и поставува пропусти. Се става последниот слој на тампон, се набива и валира теренот. Се очекува градежните зафати да финишираат од 15 ноември кога патниот правец и свечено ќе биде пуштен во употреба- рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

новаци нов асфалт слика 2

За асфалтирање на овој патен правец благодарение на Владата на РМ се доделени 20 милиони и 200 илјади денари , средства преку Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Од оваа програма на територијата на општина Новаци се асфалтирани 1км улици во Новаци,Бач и Маково како и патот од с.Живојно кој води до манастирот Св.Илија во должина од 700 метри, информираат од Општина Новаци.

 

К.Ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*