Don't Miss
Home / Економија / Поволности за вработување на невработените

Поволности за вработување на невработените

Премиерот Никола Груевски денеска во Битола најави ослободување од плаќањето на персоналниот данок и другите придонеси за работодавачите кои ќе вработат невработени лица.

Тој најави нова мерка за вработување на невработените лица над 35 годишна возраст и дека досегашната мерка која важеше за вработување на млади до 29 години, отсега ќе важи и за лицата до 35 годишна возраст.

– Со усвојувањето на новите законски мерки во иднина нема да  има поволности само за вработување на млади до 29 години, туку отсега  истите ќе важат и за вработување на невработени  лица до 35 години и дека ослободувањето нема да биде една плус една година, како што беше досега, туку три години ослободување од данок на доход и придобивка со обврска да бидат задржани најмалку уште една година – истакна Груевски.

За оние невработени лица од 35 до 50 годишна возраст коишто 10 години се без работа, за тој што ќе ги вработи се предвидува во првите пет години да биде ослободен од плаќање на придонесите со обврска да ги задржи уште една година.За оние над 50 години независно, дали биле или не биле вработени во минатото, доколку некој ги вработи ќе биде целосно ослободен од плаќање придонеси во период од пет години без никакви обврски по истекот на тие пет години дабидат задржани на работа.

Последната група која ќе биде опфатена со новите мерки за вработување се ранливата категорија на граѓани, односно самохрани родители и еднородителски семејства, семејства со три или повеќе деца, приматели на социјална помош, професионални војници кои веќе не работат, деца без родители и родителска грижа, лица со инвалидитет и родители на деца со посебни потреби.

За оваа категорија на граѓани, како што рече Груевски, се предвидува ослободување од плаќање придонеси во период од пет години, без никаква обврска за работодавачот  по тој период.

– Ако за 11 месеци со мерката за лица до 29 години се вработиле 7.400 можете да замислите колку многу работни места ќе се овозможат со оваа палета на мерки, која Владата ќе започне да ја споревдува од мај-јуни годинава – порача Груевски од Битола.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*