Don't Miss
Home / Uncategorized / Предлог за разрешување на 110 судии

Предлог за разрешување на 110 судии

За 110 претставки за разрешување судии треба да расправаат членовите на Судскиот совет на наредните седници, од која првата е закажана за четврток. Најмногу иницијативи за разрешување се предложени од Советот за утврдување на факти, но има и други подносители.

Три претставки од Специјалното јавно обвинителство и уште неколку од адвокати и други странки во постапките, како што објавува порталот „сакамдакажам.мк“, има за судијката Моника Бахчовановска, а пред Судскиот совет се наоѓаат и иницијативите за разрешување на кривичната петорка од Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски, натаму на Рахилка Стојковска, Ристо Катавеновски, Фаик Аслани и Џемали Саити.

Во најавата за седницата в четврток објавена на веб-страницата на Судскиот совет како шеста точка е ставена расправа по барање за поведување постапка за утвдување одговорност за судија, но повеќе детали не се соопштени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*