Don't Miss
Home / Uncategorized / Преку програмата за мобилност “Еразмус плус“ студиска посета на Англија

Преку програмата за мобилност “Еразмус плус“ студиска посета на Англија

Центарот за странски јазици и неформално образование на возрасни “Милевски“, кој функционира како дел од Агенцијата за преводи и посредување “Филип М“, го реализира проектот “Стекнување на европски искуства – подобрени јазични вештини“, во рамките на програмата за мобилност “Еразмус плус“, поддржана од Европската комисија за европски образновни програми и мобилност.

Во рамките на проектот се реализира студиска посета на Англија од 20 април до 03 мај, при која 7 наставници и преведувачи по англиски, руски, шведски, српски, грчки, унгарски и романски јазик, ќе имаат можност да разменат искуства со свои колеги од Англија.

– Целта на проектот е размена на искуства, подобрување на јазичните вештини во наставата и посета на центри за обука. Во Плајмоут, Англија, ќе престојуваме две недели, од 20.04 до 03.05.2015 година, каде ќе имаме можност да посетиме центри за обука на возрасни и да се запознаеме со нивниот начин на работа, а секако и да ги подобриме нашите јазични вештини и да ги пренесеме нивните искуства во нашата работа. Вредноста на грантот е 19.600 евра – истакна м-р Весна Милевска, координатор на проектот.

Инаку, Центарот за странски јазици и неформално образование на возрасни “Милевски“, организира различни јазични курсеви, обуки за неискусни преведувачи за да им се помогне за предизвиците со кои ќе се соочат при преведувањето, обуки од областа на менаџментот, ИКТ, а важен дек од активностите на Центарот зазема и неформалното образование на возрасни, организирање на различни курсеви за заварувачи, гипс-мајстори, ракувачи со виљушкари, хаус-мајстори, обуки за преквалификација на млади и средовечни луѓе, како би се стекнале со вештини кои се барани на пазарот на трудот. Имаат преведувано голем број објавени книги, а учествувале и во реализација на значајни проекти “Иновативни образовни програми за јакнење на природните ресурси во пограничниот регион Пелагонија-Флорина“, “Поддршка на жените Роми во пристапот на пазарот на трудот во Р.Македонија“ и актуелниот проект “Европски искуства и подобрени јазични вештини“.

 

 

 

М.Димитровска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*