Премиерот Никола Груевски го повредил горниот дел на левата нога, поточно адукторната регија, за време на спортска активност – џогинг (спринт) во близина на неговото место на живеење, информира Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.
Оттаму истакнуваат дека се преземени сите дијагностички и терапевтски процедури за ваквиот вид на повреда, препорачана е медикаментозна терапија и рехабилитација со намалување на физичките и спортски активности.
– Се очекува повредата да биде санирана во период до три недели по препорачаната терапија, а во меѓувреме премиерот Груевски ќе ги редуцира своите активности, се вели во соопштението од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.
Tagged with: нога повреда премиер