Политичари, дипломати и претставници на верските заедници во Македонија денеска во хотелот Александар Палас заеднички го прославија муслиманскиот празник, Рамазан Бајрам. Домаќинот, Исламската верска заедница, според традицијата ги почести со баклави.
Присутни беа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, неколкумина министри и членови на Владата на РМ. На политичарите им се придружија и неколумина странски амбасадори во Македонија. Поглаварот на ИВЗ, Реис-ул-улема Сулејман Реџепи, во празничната честитка посака заложби за обединување, соживот и меѓусебно почитување.