Македонското научно друштво преку свој член влегува во владата, односно во советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор.Од научното друштво во Битола велат дека тоа треба да придонесе за унапредување, потикнување и развој на граѓанскиот сектор во РМ. Во ова тело иако е владино не доминира владата. Мнозинството од 16 го прават претставниците на граѓанскиот сектор.
– Од вчера официјално претставник на МНД , вонреден професор Д-р Мимоза Богданоска Јовановска , инаку професор на факултет за Информатички и комуникациски технологии при Универзитетот Климент Охридски Битола, изјави Маријан Танушевски претседател на МНД-Битола
Советот не е само средство на граѓанските организации за постигнување на поголема гласност и влијание, туку и како начин до Владата да пристигнат повеќе информации и различни мислења за силен инклузивен дијалог, како многу потребен за Република Македонија, вели Др.Мимоза Богданоска Јовановска.
-Да направиме едно врмежување на овие организации. Да се направи една платформа и преку работилници и трибини кои ќе бидат организирани со одредена динамика во овој период од три години, колку што трае и мојот мандат, да се направи едно скенирање на ситуацијата на државата во рамките на оваа област, со какви проблеми се соочува , изјави Д-р Мимоза Богданоска Јовановска
Таа Додава дека владата има сериозни заложби за воспоставување на добар дијалог со граѓанскиот сектор. Иако МНД Битола на 25 Април слави 58 години од формирањето.