Don't Miss
Home / Колумни / Превртено

Превртено

Не знам точно кога беше , но според моите сеќавања  тоа беше пред неколку години, на фестивалот “Браќа Манаки” , кога премиерно во Битола се прикажуваше македонскиот игран филм “ Превртено “ по сценарио на познатиот македонски писател и колумнист,  Венко Андоновски, а во режија на Игор Иванов Изи,  еден од главните јунаци  Милан Тоциновски  сите работи  ги гледаше како превртени.

Иако јас сум навикнал работите кои  (ми) се случуваат секогаш да ги гледам такви какви што се, без никакви заблуди и илузии, сепак во последно време  се почесто се прашувам дали и јас како актерот Тоциновски, не ги гледам работите како тој, превртени.

Колку да се обидувам  да се убедам дека  тоа не  е така,  сепак во последно време гледам како настаните  да ме демантираат во тоа.

Имено, во сите изминати години од “режимот “ на Груевски се изнаслушавме какви не “платен” и неплатени реклами, или емисии, за неговиот патриотизам кон државата, за  посветеноста  во подобрувањето на условите на граѓаните,  се со цел тие да ја гледаат својата среќа во Република Македонија, а не да заминуваат во странство.

Но пред  две три недели  инстатнт  “патриотот”  Груевски, без да се поздрави ни со најмилите,  соочен со вистината  дека мора  да ја одлежи затворската казна од 2 години, како  превеан криминалец ја напушти Македонија.

И наместо да се соочи со реалноста дека со неговото бегство тој му ја плукна и на Македонија и на “патриотизмот  “и на своите најблиски,  сопартијците, раководството на партијата и Владите кои ги предводеше додека беше премиер, тој од Будимпешта ни пишува Фејзбук дека од таму ќе ја продолжел  борбата за македонската кауза.

Притоа без око да му трепне заборави  да напише дека во  еден од неговите претходни статуси, кој по потврдувањето на пресудата од Апелација, го напиша утрината околу 3 часот на македонската и пошироката јавност и пишуваше дека в затвор се влегува и излегува, но достоинството не смее да се губи по било која платена цена и дека е подготвен и 100 години да оди затвор само  Заев да се откажи од прогонот на неговите сопартијци.

За каков патриот станува збор кога е во прашање Груевски најдобра потврда е што иако тој се откажа од Македонија  сеуште не се откажа од својот пратенички мандат и прима плата од Парламентот.

За Груевски Македонија веќе не е безбедна земја за живеење.

Таа  според тоа што го напиша тој во барањето азил е земја во која власта води битка до истребување против политичките неистомисленици.

А притоа Груевски заборави како тој се пресметуваше додека беше на власт со своите политички противници. Тоа го знаат сите оние кои  во изминатите 11 години ја почустваа  сета негова “милост “.

Јас лично не знам како Груевски, како Унгарец  размислува да се бори за македонската куаза од Будимпешта,  но  доколку размислува да се бори како што тоа го правеше додека  беше на власт подобро би било тој таму во Унгарија да размислува како ќе се избори за својата судбина.

Груевски изгледа заборава дека тој е веќе отпадник од македонскиот народ, кој на душа ќе  носи голем број негови сопартијци кои ги впелтка во мрежата на криминалот,  но кои за жал ја немаа таа среќа да избегаат како него.

Но кога е во прашање Груевски , тој секогаш бил  човек кој својата (лична) среќа ја градел на туѓата несреќа и кој покрај народот ги манипулирал и неговите најблиски.

Тоа што ме плаши дека работите ги гледам превртени како главниот лик од филмот  Тоциновски е што наместо Унгарија, како европска земја, во која како што не учат владее правото и правдата, наместо да го осудат неговиот кукавички чин и да го вратат  Груевски во Македонија, да ја докажува својата невиност, тие му дадоа азил на Груевски затоа што наводно во Македонија не владеело правото и судскиот систем бил политизран  и затоа што како што рече Орбан  затворите во Македонија биле крајно запуштени и во лоша состојба.

Ваквите свои аргументи  Орбан и неговата свита ги аргументираа(т) наводно со тоа што пишувало  во  извештаите на Европската комисија,  а кои се однесуваат на состојбите во македонското судство и  затворите.

Притоа намерно или не се заборава дека во тој период премиер на Македонија беше Никола Груевски и  дека тој таквите извештаи ги оценуваше како одлични и како  препорака за членство во ЕУ.

Читајќи ги ваквите аргументи на Орбан си мислам дека Груевски одамна се подговтвувал за бегство од Македонија во Унгарија  и затоа тој го “промовира “ Сваровски судството, а затворите Шутка и Идризово  намерно не ги реновираше  за да еден ден на тие аргументи побара и добие  азил.

Изгледа наместо да се занимава со состојбите во македонското (право)судство Груевски добро го проучил судството на Унгарија и добро научил како да избега од Македонија и на кои аргументи да добие азил.

Кој им е виновен на сите оние илјадници бегалци  од Сирија, Пакистан, Либија, Ираг, Авганистан…кои со години пред бодликавата жица чекаат на Хоргош да добијат азил, кога не се упатени во законите на Орбан.

И додека  нас  цели 11 години ни се продаваа превретни приказни дека Македонија е успешна приказна и дека по “ реформите “сме земја во самиот врв на Европа и светот, која заслужува да стане членка на ЕУ и НАТО,  сега Груевски од Будимпешта ни ја кажува вистината дека оваа  земја не е безбедна за живеење и дека  наместо Македонија само тој заслужува да живее во Европа.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*