Don't Miss
Home / Uncategorized / Притвор за ресенчанецот кој нападна шумски полицаец

Притвор за ресенчанецот кој нападна шумски полицаец

Кривична пријава против триесетгодишен ресенчанец за напад на шумски полицаец, кој се обидел да спречи нелегална сеча и транспорт на дрвна маса кај местото викано „Избишко долиште“ во Ресен.

СВР-Битола, преку полициската станица во Ресен поднесе кривична пријава против Џ.Н. (30) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

 Настанот се случи пред два дена на 19-ти јули околу 10.30 часот кај местото викано „Избишко долиште“ во Ресен, кога од страна на вработени во Шумската полициска станица при преземaње на службени дејствија, спречување на нелегална сеча и транспорт на дрвна маса биле затекнати лица со трактор како вршат нелегален транспорт на дрва.

Во обид да извршат контрола врз лицата и тракторот, Шумските полицајци биле попречени и  пријавеното лице на командирот на Шумската полиција- Битола му нанел тешки телесни повреди, откачувајќи приколка натоварена со дрва, која поминала врз долните екстремитети на Командирот при што истиот се здобил со скршеница на нозете, констатирани во Клиничка Болница Битола.

Од страна на Судија за претходна постапка на пријавениот Џ.Н. од Ресен, одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*