Во врска со последните палења на автомобилите во Битола кои се случија вчера и денеска во кои беа опожарени дури шест возила според извори на Битолски весник приведени се двајца осомничени.
Тие се наоѓаат во битолската полиција, а во текот на денот најверојатно ќе бидат изведени пред истражен судија.
Инаку, според извори на Битолски весник двајцата приведени се помлади лица кои што негирале дека се вмешани во палењето на автомобилите.
Едниот од приведените бил вчера однесен во Скопје и бил поставен на детектор за лаги.
Инаку, битолската полиција за денешните пожари располага со материјални докази кои што се предадени на вештачење.
Б.В.