Don't Miss
Home / Uncategorized / Проекти за Лавци и 12 Кладенци

Проекти за Лавци и 12 Кладенци

Општина Битола, потпиша два големи договори со кои ќе се решат големите долгогодишни инфраструктурни проблеми на жителите во населбата „12 Кладенци“ и селото Лавци.

Со првиот проект, во висина од 2 877 803,00 денари ќе се изврши реконструкција на водоводната мрежа во с.Лавци и изградба на разводна водоводна линија, профил 2,3 и 4. Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Жикол“ од Струмица, а проектот ќе резултира со реконструкција и изградба на нови линии.

Вториот потпишан договор од страна на Општина Битола, се однесува на реализација на проектот, за кој е добиен грант во вредност од 120 000 евра, средства со кои ќе се изврши рехабилитација и адаптација на локален пат за с. Лавци и изградба на доводен цевковод и нов резервоар за вода за с.Лавци. Изведувач на градежните работи е БВ Инжинеринг. Во овој дел, Општина Битола, од сопствениот буџет, ќе изгради и нова водоводна траса во должина околу 400 метри со што ќе се обезбеди квалитетно водоснабдување на жителите од населбата „12 Кладенци“. Активностите кои се однесуваат на изградба на водовдната и канализационата мрежа, ќе бидат изведени од страна на општинските јавни претпријатија „Водовод“ и „Нискоградба“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*