В сабота на 15.12.2018 година (сабота), со почеток во 12.00 часот во хотел “Милениум” ќе се одржи презентациjа на новите активни програми и мерки за самовработување од Оперативниот план на МТСП, во рамките на вториот ден од Саемот за кариера 3 што го организира Младински културен центар – Битола.
Мерките ќе ги претстават Г-а Мила Царовска, министер за труд и социјална политика и Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.
По презентација на мерките ќе следи и панел дискусија со преставници на невладини организации, локалната власт и млади невработени лица.