Don't Miss
Home / Uncategorized / Промоција на МПЗ “Тодор Александров”

Промоција на МПЗ “Тодор Александров”

Во Битола, во преполната мала сала на Центарот за култура, беше промовирано патриотското здружение “Тодор Александров” кое ќе се залага за целосен континуитет на македонската историја од времето на Филип Втори, Александар Македонски и цар Самоил и давање на целосен континуитет на македонската историја во времето на ВМРО како организација од 1903 до 1934 година. Нивната платформа ќе биде и отстранување на “белите петна” од историјата за Тодор Александров и другите револуционери, чие дело било премолчено или минимизирано, бидејќи ликот и делото на Тодор Александров како голем борец за независна Македонија, но и на плејада други револуционери кои биле маргинализирани од комунистичките историчари.

Според оранизаторите на ова здружение, пред судот на историјата, молкот бил голем грев, и долг им е на сегашните генерации да ги исправат грешките и неправдите кон нашите предци, кои се бореле и ги положиле своите животи за македонската кауза.
-Ќе го проучуваме, расветлуваме и чествуваме ликот и делото на еден од великаните на македонскиот народ кој целиот свој живот го вложи за создавање на македонската држава. Но, ќе ги расветлиме и животите на македонските патриоти кои придонеле за создавање на македонска држава, а биле маргинализирани или подзаборавени – изјави Златко Нечковски, претседател на здружението.

aleksandrov 3

Основачкиот состанок започна со интонирање на македонската химна “Денес над Македонија се раѓа” и потоа беше интонирана и химната “Изгреј зора на слободата” која била пуштена и на првото заседание на АСНОМ, по барање на Методија Андонов – Ченто и Панко Брашнаров.
За неа историчарот Ѓорѓи Чекутков рече дека била направена во дваесеттите години од минатиот век по нарачка на Александров.

Историчарот Ѓорѓи Чекутков, потпретседател на здружението, во своето излагање пред присутните рече дека Александров бил најголемиот поборник за независна македонска држава, а комунистичките историографи го анатемисале.

-Во комунистичката историографија во Социјалистичка Република Македонија, во Југославија, а и на комунистичка Бугарија за контроверзни беа прикажани сите македонски револуционери од ВМРО кои вооружени со пушка се спротивставија на новите окупациски власти по Букурешкиот договор. Единствената вооружена сила која се спротивстави на тој договор беше Централниот комитет на Тодор Александров, кој само 20 дена по договорот испрати декларација до големите сили дека ВМРО се спротивствува на новата поделба на Македонија и дека ќе ја продолжи војната ако окупаторските сили не се повлечат од Македонија – рече Чекутков.

-Се уште македонската историографија нема точни податоци кој стои официјално зад убиството на Александров дали бугарските власти, комунистите, Коминтерната или Бугарскиот офицерски сојуз, но најверојатно зад неговото убиство стојат бугарските власти зашто во него гледале голема опасност – рече Чекутков.
На промоцијата на здружението беа доделени и благодарници за поединци кои дале придонес за формирањето на здружението како и истакнати личности кои го негувале делото: Златко Милошевски, Ристо Паргов, Димче Дамчевски, Марјан Ѓеровски и Иван Поповски.
Присутните беа запознати и со сите активности кои до сега ги има направено здружението “Тодор Александров”, панихиди, чествувања, маршеви, спомени, трибини, како и посети на значајни историски места во Македонија.

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*