Don't Miss
Home / Култура / Промоција на историско дело од авторот Роберто Трајковски

Промоција на историско дело од авторот Роберто Трајковски

Денеска беше промовирано најновото историското дело со наслов “Германските воени операции во Македонија за време на априлската војна во 1941 година“ од авторот Роберто Трајковски.

-Станува збор за исклучително историографско дело, во кое се опфатени операциите во априлските војни и повлекувањето кон источниот фронт после априлската војна. Книгата е пред се пишувана врз основа на германски документи и од тој аспект, е ретка и исклучително квалитетна во нашата историографска продукција. Низ германски архиви, авторот дошол до стотици документи кои се однесуваат на Македонија. Станува збор за исклучителна истражувачка работа – рече промоторот д-р Александар Литовски, историчар во Завод и музеј- Битола.

Ова е прво авторско дело од авторот Трајковски. За неговото дело користел матријали од германската документација од Националниот архив во Вашингтон, САД во дигитална форма, а останатото лично истражување го обезбедил во Воениот архив на Германија.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*