Во рамките на одбележувањето на патронатот на Битолскиот Универзитет, на пригодна свеченост што се одржа на салата за состаноци на Ректоратот, комплекс Касарни – Битола, промовирани се доктори на науки на Универзитетот „Св.Климент Охридски” – Битола.
Ректорот проф. д-р Златко Жоглев за доктори на науки ги прогласи:
1. Д-р Татјана Бошков, доктор на економски науки, Економски факултет – Прилеп.
2. Д-р Наташа Јованова, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје.
3. Д-р Нол Дедај, доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет – Битола.
4. Д-р Саит Саити, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје.
5. Д-р Душко Иванов, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје.
6. Д-р Виолета Китановска, доктор по педагогија од областа на методиките, Педагошки факултет – Битола.
7. Д-р Ангелина Станојоска, доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност – Скопје.
8. Д-р Алиисмет Чочај, доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид.
9. Д-р Ирена Ружин, доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид.
10. Д-р Тони Цветаноски, доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство – Охрид.
11. Д-р Зоран Петрески, доктор на науки по јавна администрација, Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола .
12. Д-р Басри Ахмеди, доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет – Битола.
13. Д-р Христина Велјановска, доктор по педагогија од областа на методиките, Педагошки факултет – Битола.
14. Д-р Фанче Јошевска, доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет – Битола.
Б.В.