Don't Miss
Home / Македонија / РЕК Битола отсечен од комуникација?!

РЕК Битола отсечен од комуникација?!

Состојбата во општина Новаци е алармантна. Реката Црна која на неколку места проби и најдојдените води од одводните канали веќе го загрозуваат селото Новаци.

Најголема опасност е патот за РЕК “Битола“, кој е веќе непрооден.

Жителите на Новаци го контролираат сообраќајот за РЕК “Битола“.
Постои голема опасност поради огромните надојдени води да го прекинат патот за Новаци и РЕК Битола. Сообраќајот за овие места го контролираат жителите на Новаци кои не дозволуваат тешки товарни возила да се движаат по патот. Во меѓувреме се прават сите напори да се заштити селото Новаци, постои голема опасност од рушење на патот со што ќе прекине комуникацијата со РЕК Битола.

Благодарение на разбирањето на жителите на Новаци, екипата на „Битолски весник” беше пуштена да замине за Битола и да ја проследи оваа информација.

Во меѓувреме жителите на Новаци се мобилизираат за да го заштитат селото, но според тоа како надоаѓаат водите најверојатно нема да издржи патот за Новаци со што постои голема опасност да се прекине комуникацијата со РЕК Битола.

Неофицијално дознаваме дека жителите на Новаци бараат да се направи мост за воспоставување комуникација меѓу Новаци и Битола.

Во меѓувреме во Битола заседава Кризниот штаб за справување со поплавите. Во овој момент во голема опасност е и рудникот Суводол.

Во Битола и натаму врне дожд, а Пелагонија е во голема опасност. Овде веќе никој не размислува за полињата и штетите од приносите туку како да се спасат луѓето.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*