Решавањето на проблемот со невработеноста е, и ќе биде главен приоритет на Владата на ВМРО ДПМНЕ, истакна носителот на листата во петтата изборна единица, Антонио Милошоски, денеска во селото Нижеполе, кај Битола.
-Ние кои наследивме невработеност од над 38 проценти успеавме со сите економски мерки и странски директни инвестиции да ја спуштиме на 24 проценти. Сега наша цел е невработенсота да ја симнеме на 18 проценти, што ќе создаде поголема перспектива за многу млади луѓе и за целата македонска економија, истакна денеска во битолското потпелистерско село Нижеполе, носителот на листа во ИЕ 5 од ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Б.В.