Home / Политика / Шекеринска: “Петката” ќе биде одлучувачка, а одлуката ќе ја донесе Битола

Шекеринска: “Петката” ќе биде одлучувачка, а одлуката ќе ја донесе Битола

Имате едноставен избор, дали да продолжи Битола и Македонија да тоне или да промениме нешто, ставете крај на ова зло, ставете крај на овој криминал, им порача на битолчани,  Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и опозициската коалиција за Изборната единица 5, од предизборниот митинг  во Битола повикувајќи ги оние кои минатите избори гласале за владејачката ВМРО-ДПМНЕ да не се плашат.

Црвена е љубовта која сите ја чувствуваме кон нашава Македонија, црвена е нашата сила за промени во Македонија и црвената ќе го врати животот во Македонија“, појасни Шекеринска за променатата традициоанлна сина боја на СДСМ за кампањата за предвремените парламентарни избори на 11. декември.

-Противкандидатите протрчаа преку Битола и не кажаа каде се новите инвестиции, топлификацијата за 55.000 домаќинства, ни филмскиот ни студентскиот град. Единствено нешто што го направија е да го направат иселувањето и најскапиот ученички превоз. Бегаат од вистината како што се трудат да избегаат од одговорноста за сето зло што и го сторија на Македонија. Груевски призна дека стравот му биле истрагите на Специјалното јавно обвинителство, призна дека ако тој се прашува тоа обвинителство утре треба да престане да работи. Бараат власт за да избегаат од затворските казни кои им висат над глава на секој од нив. Затоа гласот за Груевски и за Милошоски е глас за крај на правната држава во Македонија- рече Шекеринска.

Таа истакна  дека СДСМ се обврзува за подобро образование, за социјални служби кои нема да бидат затворен шалтер, за лекари кои ќе лечат, влада во служба на домашните компании, медиуми кои ќе и служат на вистината и судови кои ќе ја бранат правдата.

-Три града, Битола, Скопје, Тетово се во врвот на најзагадени градови во цела Европа. Секој ден по четворица наши сограѓани го губат животот поради загадувањето и владата вели дека за сето тоа нема пари, а има за мерцедеси. Е тоа сакаме да го исправиме. Знам дека многумина во Македонија изгубиле верба во зборовите, ама за нас зборовите се обврска. Тие ни носат валкан или чист образ“- додаде Радмила Шекеринска  на вечерашниот митинг на  СДСМ во Битола.

-Одлучувачка ќе биде ‘петката’. А одлуката ќе ја донесе Битола. Затоа сакам денеска да испратиме порака и за оние кои на минатите избори гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Маките се исти, и нив ги болат 600.000 заминати синови и ќерки, и нив ги болат затворените дуќани и загадениот воздух. Знаеме дека и тие знаат дека работата не чини, знаат дека криминалот ја изеде и Битола и Македонија. Знаат дека волкот не го менува карактерот, ама богами ни криминалците не го менуваат занаетот. Без разлика на кого сте му верувале немојте да продолжите да ги купувате истите лаги, немојте да ве лажат со одмазда. Битола ќе му стави крај на криминалот. Немајте страв! Нивната сила замина. Груевски падна, режимот падна. На 11-ти ќе изгубат а ние ќе ја креваме Македонија од коленици-  заклучи Шекеринска на митингот на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*