Најголемата опозициска партија, СДСМ, порача дека најостро го осудува инцидентот во липковскиот регион.
Истовремено посочува на нерасветлувањето на инцидентите од безбедносен карактер во последниот период, порачувајќи дека тоа отвора простор за различни шпекулации.
-Социјалдемократскиот сојуз посочува дека нерасветлувањето на инцидентите од безбедносен карактер за коишто информира власта последниов период отвора можност за различни шпекулации и тензии.
Сериозно се сомневаме во капацитетите на институциите кои се партиски испостави на власта.
СДСМ ги повикува граѓаните на воздржаност и да не подлегнуваат на какви било режирани сценарија“, соопшти најголемата опозициска партија.