Don't Miss
Home / Политика / СДСМ: Општината ќе се задолжува со нов кредит

СДСМ: Општината ќе се задолжува со нов кредит

-На следната седница на Советот на општина Битола, локалната власт  и ВМРО-ДПМНЕ, според најавите, планираат да не задолжат со нов кредит од 2.5 милиони евра- обвини денеска на прес-конференција во партискиот штаб, советникот од СДСМ, Зоран Стојчевски.

Според Стојчевски, актуелната власт во Битола,  ненаменски и недомаќински досега потрошиле  повеќе од 200 милиона евра, пари на граѓаните на општина Битола.

-Кога ја бараа довербата на граѓаните на Битола, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Талески не им кажаа на битолчани дека ќе не задолжуваат со пари што треба да ги враќаат и идните генерации. Ние граѓаните на Битола, во наредните петнаесетина години ќе бидеме задолжени поради кредитот од 2.5 милиони евра, пари земени како подзаем од Министерството на финансии на РМ, за проект за подобрување општински услуги, средства финансирани од Светска банка- истакна Стојчевски.

СДСМ од денешната прес-конференција  праша каде и за што се потрошени парите коишто ги уплатиле инвеститорите во АРМ за инфраструктурно уредување на просторот за чија намена се зема и кредитот од 2.5 милиони евра?

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*