По пожарот во кој вчера настрада возилото на активистката на СДСМ, Јасминка Кочевска со реакција се јавија од СДСМ Битола.
-Разорниот ефект кој „Вистината за Македонија” го има врз актуелната власт, охрабрениот и се погласен народ, масовноста и енергијата кои опозицискиот караван ги носи од град во град, ја прават власта нервозна и бескрупулозна. Завчера, до пепел изгоре возилото на Марјан Јовановски, наш активист, а ноќеска се случи уште еден ваков кукавички чин, запалено е уште едно возило, на активистката на СДСМ во Битола, Јасминка Кочевска. Ако вчера поради внимателност не изразивме сомнеж дека мотивите се политички, денес тоа е јасно за целокупната јавност во Битола.
Очигледно е дека Вистината за Македонија што одекна во Битола длабоко допре до криминалите на власта и инсталациите со нејзините соработници.
Апелираме до совесните и професионални вработени во полицијата – имате законска обврска да не ги затворате очите пред фактите и да не го толерирате насилието! До сите, нарачатели и извршители, кои безнадежно гледаат излез во ваквите инциденти, порачуваме дека никој и ништо не може да го спречи обелоденувањето на Вистината за Битола- рече потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски.
Б.В.