Социјалдемократскиот сојуз преговара за коaлиција со албанските партии за престојните локални избори. Лидерот на социјалдемократите и премиер вели дека во тек се разговори со владините коалициски партнери ДУИ и Алијанса на Aлбанците.
Заев не ја исклучува можноста и од преговори со останатите политички партии за заеднички кандидат. Дали и со кого СДСМ ќе коалицира според Заев пресудни ќе бидат концептот и програмите кои ќе ги понудат можните коалиционери. Вели дека седумдесет отсто од кандидатите за идни градоначалници на СДСМ се веќе познати, а кандидатите на социјал демократите ќе атакуваат во над 65 општини мерѓу кои и Арачиново.
„Убавината, радоста и авангардноста на самиот концепт е тоа што имаме дама. Ќе настапиме со жена Албанка и тоа Миликие Халими. Верувам дека ќе бидеме прифатливи и примамливи да ја добиеме поддршката од мнозинството граѓани. Нашата намера да рботиме конкретни проекти во Арачиново“, рече Заев.
Заев, на Арачиновци им вети решавање на децениските проблеми со канализацијата, водоводот.
Од ВМРО – ДПМНЕ соопштуваат дека се уште го бараат и анализираат мислењето на граѓаните, по што ќе решат кои нивни членови ќе ги трчаат локалните избори.
„Се уште се прават анкети, се уште се гледа мислењето на граѓаните. Ќе видиме што граѓаните мислат и што тие ќе кажат па потоа ќе излеземе со математики и кандидати. Важно е што комитетот постојано се состанува, и кога има сигурни кандидати веднаш ги пласираме“, рече Владо Мисајловски – ВМРО – ДПМНЕ.
Заесга ВМРО – ДПМНЕ обелодени пет кандидати за идни градоначалници, за Струмица Марјан Бајрактаров, Борче Митрески за општина Петровец, Славчо Чадиев за Велес, Тони Затковски за Кривогаштани и Зоран Ѓорѓиевски за Куманово.