Алијансата на Албанците не го прифатила понуденото вицепремиерско место за реформи во Владата на РМ. Ова, како што информираат од Владата, е исходот од попладневната средба на премиерот Зоран Заев со лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.
Во информацијата од Владата се наведува дека на состанокот Села информирал дека Алијансата на Албанците не го прифаќа понуденото вицепремиерско место за реформи на Владата на РМ.
По средбата со премиерот Заев, Села изјави дека Алијансата на Албанците останува на своите ставови за задржување на министерското место за здравств