Home / Спорт / Шаховски младински турнир “ Державин “ на Славјанскиот универзитет

Шаховски младински турнир “ Державин “ на Славјанскиот универзитет

                       

            Од 29 до 31 ноември во просториите на Славјанскиот унивезритет “ Г.Р.Державин“  по четврти пат ќе се одржи  традиционалниот  четврти по ред  младинскиот шахоски турнир „Державин“ кој како и минатата година, така и оваа, е пријавен и рејтингован од страна на Светската шаховска федерацја.       Станува збор  за еден од најквалитетните младински шаховски  турнири, со награден фонд од 55.000 денари.

          Ќе се играат два турнири и тоа Младински стандарден, за родени до 2001 година  со рејтинг не поголем од 2000 во 7 кола (60 минути со додаток 30 секунди по потег) и Рапид за родени до 2009 со 7 кола (40 минути со додаток 10 секунди).

        Покрај најсилните шахисти од нашата земја на турнирот се пријавени десетина млади шахисти од Р.Албанија.

       Повикот е отворен и сеуште може да се пријават заинтересираните кандидати за овој мошне квалитетен шаховски турнир, велат од Славјанскиот универзитет.

50992436_2387159097961489_1105714947825860608_o.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*