Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската лисата на СДСМ и коалицијата во изборната единица 5 од Битола порача дека мора да сопре масовното иселување на младите од Македонија. СДСМ, истакна Шекеринска има план како тоа да го направат.
-Мора да го запреме масовното иселување на младите за кои ни зборуваат граѓаните низ Битола, но исто и низ цела Македонија. Имаме План како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина- изјави во Битола, Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и кооалицијата во И.Е. 5.
Според неа, ВМРО-ДПМНЕ и Груевски имале десет години да го сторат тоа. Да понудат пристоен живот и еднaкви шанси за сите, но тоа не го сторија.
-Тие сметаат дека најважно од се е да ги полнат своите џебови и сметки низ рајските острови- смета Шекеринска.
Б.В.