Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се инструментализирани и преку обид да направат тотална блокада на Собранието делуваат всушност единствено во заштита на криминалот на нивното партиско раководство. ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го штити Марко Зврлевски и криминалот во оваа земја, порача пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов.
„Ние сме свесни дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ е исклучително нервозно поради судските процеси што ги чекаат. Но, нивната нервоза нема да ја спречи правдата и нема да спречи конечно во Македонија сите да бидат еднакви пред законот и еднакво да одговараат за своите постапки.
Затоа на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им препорачуваме да ја сменат реториката, начинот на своето обраќање, поведението во Собранието и нивниот начин на собраниско функционирање со којшто се обидуваат да предизвикаат инцидент во парламентарната сала“, изјави Шилегов на прес-конференција.