По појавата на корона вирусот и препораките на Владата за затворање на сите угостителски објекти, ресторани, кладилници, кафетерии, казина … ја испразнија Битола.
За тоа како изгледаше “Широк Сокак” во неделата на 15 март, околу пладне, најдобар коментар даде еден наш сограѓанин, кој со одредена доза на мајтап рече дека “Широк Сокак “ никогаш не бил толку многу широк, но и толку многу празен.
Бројот на битолчани кои во неделата се “охрабрија” да прошетаат по “Широк Сокак “ на прсти можеа да се избројат.
Само тек – тук некој битолчанец можеше да се забележи како пешачи по “Широк Сокак”.
Како лојални и послушни граѓани сите сопственици на кафулињата, рестораните, угостителските објекти… од “Јагода “ до “Буре” на Магнолија им ставија клуч на објектите.
По главната пешачка улица во градот се движеа само оние битолчани, кои ја правеа својата редовна “рекреативна тура “ до Шеталиштето.
Од некогаш стотиците битолчани, кои пиеаја кафе на “Широк Сока” забележавме само еден, кој пиеше кафе од автомат на една од масичките кај продавницата за цигари “Тобако”
Битолчани едноставно одлучија да ги почитуваат препораките на Владата и да останат дома, со своите најмили.
Ваква Битола не сме виделе уште од времето кога во градот под Пелистер, поради палењето на дуќаните беше воведен полициски час.
За тоа како изгледаше Битола тоа неделно (прет)пладне најдобро зборуваат фотографиите koi нашиот фоторепортер.