Don't Miss
Home / Uncategorized / Сменет првиот човек на ССМ Живко Митревски

Сменет првиот човек на ССМ Живко Митревски

Поранешниот претседател на ССМ, Живко Митревски ги троши последните часови во домот на работниците. По едночасовно превирање со обезбедувањето на Митревски, полициска асистенција и искршено стакло од врата, легитимниот претседател Дарко Димовски влезе во зградата на ССМ. Речиси еден час обезбедувањето не сакаше да го пушти Димовски со образложение дека има наредба од претседателот, иако Димовски го приложи решението од Централниот регистар кое докажува дека тој е претседател.

Живко Митревски од својот наследник побара неколку часови за да се подготви за примопредавањето на претседателската фотелја кое е закажано за 15 часот. Новиот претседател, Димовски, го одржа првото претседателство и рече дека почнуваат со работа веднаш.

„Значи сега сме сите на работа, ако сме тука на деветти кат, се да биде фер и  веродостојно до примопредавањето. Му даваме време да ги спреми документите и во три часот Митревски да го направи примопредавањето, а ние до тогаш ќе си работиме тековно. Знаете дека сме иселени од канцелариите, сега треба службите да ги отклучат канцелариите да видиме во каква состојба се“, изјави Дарко Димовски – в.д. Претсдател на ССМ.

Четирите најголеми грански синдикати кои Митревски ги исфрли од ССМ, од денеска ќе почнат повторно да ги вселуваат своите работи на старото работно место. Димовски кој веќе девет месеци ја води синдикалната битка пред институциите вети зајакната борба за работничките права. Поранешниот претседател Митревски, на синдикалната фотелја седна во 2010 година, а за време на своето претседателствување често беше обвинуван дека работи за политички наместо за работнички интереси. Освен гранските синдикати, оставка од Митревски бараа и независните синдикати потписници на повелбата за солидарност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*