Don't Miss
Home / Uncategorized / Советничките прашања ги скараа советниците

Советничките прашања ги скараа советниците

Денешната седница на Советот на Општина Битола, на која требаше да се разгледаат неколку точки од Дневниот ред, имаше почеток каков што редовно се повторува кога на дневен ред ќе се најдат советничките прашања.
Иако, на седницата градоначалникот Владимир Талески дојде да даде одговор на поставените петнаесетина прашања, од претходната седница, советниците на опозицијата побараа пред да добијат одговор на тие прашања, да постават нови поприоритетни советнички прашања.

Таквиот настап на опозицијата, мнозинството во Советот го толкуваше како дезориентирност на опозицијата која не знае што сака.

izjava 2

По неколку паузи се премина на разгледување на точките од Дневниот ред на седницата, а одговорите на советничките прашања се одложија до враќањето на градоначалникот Талески на седницата.
Но и по неколку часа, не дојде до директно соочување на советниците од опозицијата со Талески бидејќи тие пред да дојде тој, ја напуштија седницата на Советот.

sovet 1

-Градоначалникот Талески повторно ги избегна советничките прашања. Имено, после десетминутната пауза исчезна од салата на советот на Општина Битола за да се појави дури откако си заминаа претставниците на средствата за јавно информирање- обвинија советниците на опозицијата.

Грдоначалникот Владимир Талески со одговор:

-Советниците од опозицијата се целосно дезорганизирани и не знаат што сакаат. Тие ги менуваат нивните ставови во зависност од дневно- политичките потреби. Со денешната опструкција на седницата се покажа дека тие се директно инволвирани во штрајкот во обрзованието- изјави градоначалникот Талески.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*