Don't Miss
Home / Uncategorized / Спасувачите од Карпош на обука во Црвениот крст – Струга

Спасувачите од Карпош на обука во Црвениот крст – Струга

Викендов, сабота (09.09.2017), припадниците на единицата за заштита и спасување од Општина Карпош, заминаа на петдневна обука во Солферинг центарот за обука при Црвениот Крст во Струга. Во рамките на обуката, спасувачкиот тим од Општина Карпош ќе се стекне со нови теоретски и практични знаења за спасување на отворени и затворени води, справување и евакуација на населението при евентуални природни непогоди како на пример, земјотреси, урнатини, пожари и поплави.

Професионалната обука ќе ја спроведат неколку државни инструктори од Црвениот Крст – Скопје и еден меѓународен инструктор, а меѓу останатото, стручниот тим од Карпош ќе се обучи за делење на хуманитарна помош и пружање на неодложна прва медицинска помош. Општина Карпош е единствена локална самоуправа во Република Македонија, која располага со сопствена единицата за заштита и спасување.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*