Home / Uncategorized / Премиеру Идризово е “Хилтон “ во однос на Шутка

Премиеру Идризово е “Хилтон “ во однос на Шутка

Во врска со условите  кои владеат во македонските затвори со писмо од Германија се јави новинарот Томислав Кежаровски. Во писмото Кежаровски меѓу другото пишува.

Господине Зоран Заев,

Ги поздравувам Вашите настојувања да се подобрат условите во затворот во „Идризово“ и уште повеќе најавата за закон за амнестија. Но, Ви сугерирам час поскоро да ги видите и ќелиите во притворот во Шутка. Да Ви ги отворат вратите од Ц-14, Ц-19, Ц-28. Оти таму, Ве уверувам, е полошо од каде и да е. А, токму таму, прво во Ц-14, па потоа и во Ц-19, поминав месеци затворен со уште тројца други. Немав привилегија да бидам во тие попространите ќелии, во новиот дел. Во Ц се сите кои требаше да бидат скршени. Бев со луѓе…

Некои попуштија пред притисоците и се „спогодуваа“ со државата или кодошеа, некои опстанаа доследни на Законот на молчењето. Се гордеам, не затоа што бев во затвор, туку затоа што припаѓам на овие вторите.

Молев, верувајте ми, после изрекувањето на пресудата да ме префрлат во Идризово, затоа што таму е подобро. Има сведоци за тоа.

Докторот, психијатарот, чинам дека уште е таму, прашајте го. Седев пред него и со допрени дланки како Господ го премолував да ми даде „препорака“ за во Идризово. За возврат, му велев, дека пред него ќе ги скинам сите докази што ги имам, што ја потврдуваат мојата невиност…

Песна се слушаше од келиите само во два случаја, или ако ти почнува судењето (оти така ќе те носат од таму до судница и назад и ќе можеш да видиш малку од Светот) или ако ти стаса решение дека те носат на издржување на казната во Идризово.

Ете толку, Г-не Заев, се лоши условите во притворот во Шутка, во озлогласениот „Ц“ ходник.

Со почит,

Томислав Кежаровски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*