Don't Miss
Home / Градска хроника / Средба на градоначалникот Талески со претседателите на Урбаните заедници во Битола

Средба на градоначалникот Талески со претседателите на Урбаните заедници во Битола

Денеска во општината Битола, градоначалникот д-р Владимир Талески одржа средба со претседателите на Урбаните заедници.

urbani 2

На оваа традиционална по новогодишна средба со првите луѓе на месните заедници градоначалникот д-р Владимир Талески, откако најпрво им ги честита новогодишните и божиќните празници ги запозна претседателите на Урбаните заедници со тоа што е реализирано во текот на минатата година и кои се плановите на Општината за оваа 2015 година.

-Ова се најважните луѓе во Битола. Без овие луѓе општината практично не може да работи. Моја оценка е дека сите овие луѓе покрај тоа што се многу амбициозни се и доста интересни, објективни и рационални. Тие најдобро знаат се она што им е потребно на луѓето од Урбаните заедници. Ние најчесто барањата за реализација на некои проекти ги добиваме преку нив.

urbani 3
На сите ние е јасно дека во Урбаните заедници сите граѓани имаат различни желби и приоритети.

Но овие луѓе ја прават селекцијата на најприоритетните.

Инаку вообичаено списокот на желби е голем, но реално е да се реализираат ако не сите, тогаш барем по два три проекти од секоја месна заедница.

Но нивната реализација најчесто зависи од финансиските можности на општината, како и од законските прописи.

urbani 4

Доколку некои проблеми, или проекти сме во можност веднаш да ги реализираме тоа го правиме со нашите јавни претпријатија.

Ако за некои проекти потребно е донесување на некои урбанистички планови, тоа го правиме со Советот на Општината и нормално бара подолг период, истакна на средбата со претседателите на Урбаните заедници, градоначалникот Талески.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*