Фирмата “Стентон градба“ што ги одржува паркинзите во Битола под концесија, од понеделник, ќе управува и со паркинг- просторот во Клиничката болница, дознава порталот на Битолски весник.
На третиот по ред конкурс за давање паркинг под концесија во Клиничката болница, победи фирмата “Стентон градба“.
На тој начин, оваа фирма ќе воведе наплата на паркингот и во Клиничката болница.
Б.В.