Home / Uncategorized / Стартува пријавувањето за Изборот на најуспешни битолчани за 2014 година

Стартува пријавувањето за Изборот на најуспешни битолчани за 2014 година

Со испраќањето на старата 2014 и дочекот на новата 2015 година Битолски весник ги започна подготовките за организирање на традиционалната акција на Весникот “Избираме најуспешни битолчани за 2014 година”.

Како и во изминатите 15 години, така и во оваа 16 по ред, акција на Битолски весник “Избираме најуспешни битолчани” кандидатите ќе можат да бидат пријавувани преку гласачките купони, кои веќе од оваа среда ќе бидат објавувани во Весникот и е-меил адресата: bitolskivesnik@yahoo.com, како и на порталот на Битолски весник.

Како што е познато, во оваа традиционална манифестација на Битолски весник ќе се избираат најус-пешните битолчани во областа на стопанството, малото стопанство, политиката, здравството, образованието, естрадата, културата, спортот, невладините организации, новинарството.

Традиционалниот избор на најуспешните ќе се одржи последниот петок од месец февруари со спектакуларна забава на која ќе настапат голем број естрадни уметници од нашиот град и пошироко.

 

Б.В.

One comment

  1. glasamza dijana nedelkovska

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*